Samsung неодамна го потврди постоењето на Galaxy Watch 3 паметниот часовник, откако страницата за поддршка на уредите накратко се појави онлајн. Сега постоењето на носечкиот уред го потврдува и Samsung Wearable апликацијата, која служи како интерфејс за сите паметни часовници и слушалки на Samsung.
Судејќи според се, Samsung ја прескокнуца Galaxy Watch 2 ознаката, а причина за ова би можело да биде постоењето на Galaxy Watch Active 2 моделот и желбата на компанијата да се фокусира на новата генерација паметни часовници.
Според претходниот FCC листинг, ќе постојат Bluetooth + Wi-Fi и LTE варијанти на паметниот часовник, а двете пристигнуваат во големини од 41 и 45 мм. Се верува дека Samsung на Galaxy Watch 3 ќе имплементира ротирачка рамка, како и Gorilla Glass DX дисплеј.
Се појави фотографија која наводно ги прикажува Galaxy Buds слушалки, за кои се верува дека ќе го носи името Galaxy BudsX.