Компанијата TP Vision објави дека OLED телевизорите на Philips од новата серија ќе бидат во продажба ширум Европа од јули, а ќе бидат достапни со екрани со големина од 55 и 65 инчи.
Серијата телевизори ја сочинуваат моделите OLED 805/855/865, кои ги карактеризира P5 процесор од четвртата генерација со технологија на вештачка интелигенција, поддршка за HDR содржина (HDR10 и HDR10+) и Dolby Vision.
Телевизорите ги карактеризира и врвен звук, со 50W систем на звучници, Dolby Atmos формат и Dolby Atmos Virtualizer функцијата. Philips телевизорите се први кои имплементираат DTS Play-Fi технологија за опкружувачки звук и можност за поврзување во повеќе простории.
OLED 805/855/865 телевизорите ја користат Android 9 платформата, а имаат вграден Google Assistant и поддршка за Alexa сервисот. ТВ уредите ги карактеризира ултратенко куќиште, дисплеј без рамки и висококвалитетна метална превлака.
OLED 805 моделите имаат нов, темен хром сталак со соборени рабови, серијата OLED 855 има темен хром централен сталак закосен според подлогата, а серијата OLED 865 има ист сталак замотан во Muirhead кожа.
Со сите три телевизори пристигнува и нов врвен далечински управувач со осветлени копчиња, кој од страна и одзади е замотан во истата кожа.