Помалку од една недела откако Crew Dragon со човечки екипаж беше испратен на пат кон Интернационалната вселенска станица, SpaceX повторно ја активираше Falcon 9 ракетата, за да лансира уште една серија Starlink сателити. На пат кон вселената полетаа уште 60 сателити, за да и се придружат на констелацијата која се зголемува.
Во прашање се сателити кои се составен дел од проектот во рамките на кој во орбитата ќе бидат испратени 12 илјади сателити, кои на жителите на Земјата ќе им послужат за супер-брз интернет. И покрај големината на проектот, голем број граѓани досега не знаеле за Starlink сателитите, па во текот на претходните лансирања се веруваше дека се во прашање вонземски летала, нешто како летечки чинии. Компанијата досега во орбитата испрати нешто малку над 480 сателити, а во новата серија е и еден кој се разликува од останатите, кој има еден вид „чадор“, или поточно „сонцебран“. Се отвора кога сателитот ќе стигне на планираната дестинација, за да ја блокира светлината која ја емитува Сонцето и истовремено да ја намали и количината на светлина која ја рефлектира сателитот. На тој начин ќе се намали и видливоста на сателитот, што е еден од проблемите на кои астрономите се жалат, откако беше почнато со проектот.
Астрономите претходните серии Starlink сателити ги споредија со „ниска бисери на црна позадина“ и проектот го опишаа како систем кој го загрозува посматрањето на вселената. Space X претходно објави дека со експертите веќе работи на намалување на количината на светлина, која ја емитираат сателитите, што би требало да го намали влијанието на астрономијата, додека вестите за движење на сателитите би требало да влијаат на тоа да се намали стравот од вонземјаните.