Philips се подготвува на пазарот да пласира 24-инчен монитор, способен да спречи „визуелно хакирање“. Со помош на иновативниот Privacy Mode, Phillips 242B1V мониторот може ефектно да сокрие било која содржина што се прикажува на дисплејот, спречувајќи ги другите да го видат екранот.
Privacy Mode лесно се покренува преку копче, а неменет е за професионалните корисници кои работат со доверливи информации. Privacy Mode кај 242B1V мониторот ги намалува аглите на гледање и осветлување на екранот, овозможувајќи само лицето кое седи пред мониторот да го види она што се прикажува на дисплејот.
Phillips 242B1V користи 23.8-инчен IPS панел со Full HD резолуција, има 75Hz стапка на освежување, 4ms G2G одзив и агли на гледање од 178 степени. Тука е и 1000:1 контраст и 350 нита осветлување. Мониторот има 87% покриеност на NTSC гамут на бои, како и 106% sRGB спектар на боите.
Поврзани артикли