Дојавувачот Ice Universe објави информација за фотографија која никој со Android телефон не би смеел да ја постави за позадина на својот екран. Имено, оваа атрактивна сцена на планински пејзаж, шума и езеро од некоја причина ги „расипува“ смартфоните со Android и ги прави речиси неупотребливи. Експериментот веднаш го испробаа на порталот 9to5Google, а во приложеното видео можете да го видите ефектот на оваа „малициозна“ фотографија.
Штом истата беше поставена како позадина, телефонот „полуде“ и почна континуирано да го вклучува и исклучува екранот. Понатамошната истрага покажа дека најподложни на овој проблем се одредени постари модели на Samsung, како и Pixel 3XL на Android 10. Во Android 11 работата се чини е исправена.
Откриена е и веројатната причина за необичното однесување на телефонот. Фотографијата која ги тера на блокирање и нестабилна работа е снимена во RGB запис на бои, додека Android телефоните по default сакаат да ја прикажат сликаѕта во sRGB систем (standard RGB). Уредите кои имаат проблеми со компатибилноста на овие два начина на прикажување на бојата по обид за прикажување на предметната фотографија – откажуваат послушност.
Ако некој ви ја испрати оваа фотографија или по грешка (или намерно) за поставите за wallpaper, уредот ќе можете да оспособите единствено со негово целосно рестартирање на фабрички поставки преку safe model или преку некој bootloader. Во секој случај, се препорачува да пробате да ги избегнете ваквите проблеми и да не ја поставувате сликата од овој текст како позадина на својот Android.
WARNING!!!
Never set this picture as wallpaper, especially for Samsung mobile phone users!
It will cause your phone to crash!
Don't try it!
If someone sends you this picture, please ignore it. pic.twitter.com/rVbozJdhkL— Ice universe (@UniverseIce) May 31, 2020
Поврзани артикли