Интернет сервисот Internet Archive е познат по својата архива на стари, одамна угасени веб-страници и архивирани рани верзии на постоечките веб-страници, WayBackMachine. Но, овој сервис служи и како репозиториум на разни други дигитални содржини, на пример игри или книги. Токму книгите станаа спорни во изминатите месеци, па поради нив сервисот заработи голема тужба од американските издавачи. Hachette, HarperCollins, Wiley и Penguin Random House го тужеа непрофитниот Internet Archive дека станал – пиратски сервис.
Имени, тие својата архива дигитални книги Open Library во изминатите десетина години ја користеа за на корисниците да им овозможат виртуелно „изнајмување“, и тоа само за еден корисник истовремено, што не е спорно. За тужителите е спорна одлуката сите книги да се даваат на неограничен број на корисници за време на пандемијата. Internet Archive својата одлука ја правда со желбата да им помогне на луѓето кои се присилени да учат и работат дома во овие вонредни околности.
Penguin Random House, HarperCollins, Hachette and Wiley accused Internet Archive of piracy, for making over 1 million books free online during the coronavirus outbreak https://t.co/NE5edgJY5K
— New York Times Books (@nytimesbooks) June 1, 2020
Меѓутоа, на сопствениците на авторски права за тие книги не им одговараше оваа одлука, па сега со тужба бараат правда. Со закон, за ваквите случаи е предвидена отштета од 150.000 долари по книга, а бидејќи Internet Archive има на располагање 1,3 милиони дигитални книги, плаќањето на целата сума би можело да ги одведе во бакрот. Сепак, тужителите немаат примарна цел да го угасат овој сервис, туку со тужба сакаат да постигнат тој да престане бесплатно да ги дели нивните книги, и да ги врати на дигитакно позајмување на книгите на еден по еден корисник, и тоа за книгите за кои имаат физички копии во посед.