Vivo ја најави својата премиум X50 линија телефони, која ја карактеризира единствениот гимбал камера систем на задната страна. X50 линијата ја сочинуваат три модели: X50, X50 Pro и X50 Pro+.
Најмоќниот модел во линијата е Vivo X50 Pro+, кој го користи 50MP 1/1.3-inch ISOCELL GN1 сензор на камерата. Во прашање е Samsung сензор, кој нуди и Tetracell и Dual-Pixel автофокус. Vivo го подобри сопствениот алгоритам за камери и додаде Asтро мод, за да можат да се креираат појасни фотографии од ноќното небо. X50 Pro+ користи нова микро-гимбал стабилизација.
Останатите спецификации на Vivo X50 Pro+ моделот вклучуваат 6.56-инчен OLED дисплеј со освежување од 120Hz, Snapdragon 865 чипсет, 5x перископ камера со 60x хибридно зумирање, 5G конекција, до 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Уредот го напојува 4315mAh батерија со поддршка за 44W брзо полнење.
Гимбал системот користи посебни техники и елементи кои овозможуваат да се постигне до 300 проценти повеќе стабилизација кај фотографирањето и снимањето видеа, во споредба со актуелните OIS решенија. Супериорната стабилизација ќе ја подобри и осетливоста на сензорот во услови на послабо осветлување.
Останатите два смартфона се наменети за средниот сегмент на пазарот, но исто така пристигнуваат со 5G конекција.
Интересно е и дека X50 Pro моделот (на насловната фотографија) имплементира нов гимбал систем на стабилизација на камерата. Телефонот има 48MP Sony IMX598 сензор за главната камера. Vivo X50 Pro има 6.56-инчен OLED дисплеј со освежување од 90Hz, 4315mAh батерија со 33W брзо полнење. Го покренува Pokreće 765G чипсет со поддршка за 5G.