Xiaomi потврди дека паметната алка Mi Band 5 ќе биде претставена на 11. јуни. Гласините споменуваат дека паметната нараквица ќе има функција за далечинска контрола на камерата, односно ќе може да се креираат фотографии преку самата алка.
Покрај тоа, Xiaomi Mi Band 5 ќе има и нов сензор за мерење на сатурацијата на кислородот во крвта, како и поддршка за Alexa асистентот и NFC, кои ќе работат и надвор од Кина.
Според информациите, екранот ќе биде зголемен од 0.95 на 1.2 инча, а ќе има потенки рамки. Покрак тоа, се споменува и нов „plug-in“ тип на полнач.
На крајот, протечените информации сугерираат дека Xiaomi Mi Band 5 ќе може да следи пет нови модови на вежбање – јога, справи за аеробен тренинг, веслање, велосипед во затворено и прескокнување јаже.