Ресторан во Холандија почна да користи роботи намести келнери со цел за намалување на контактите помеѓу луѓето во текот на пандемијата на коронавирусот.
Роботите ги поздравуваат гостите, сервираат храна и ги собираат искористените садови од масите на ресторанот Royal Palace, кој се наоѓа во Ренесе.
View this post on Instagram? @nosstories #robotnederland #royalpalacerenesse #renesse2020
A post shared by Royal Palace (@royalpalacerenesse) on
„Ни помагаат во работата која ја извршуваме. Често сме многу зафатени, а ни помага тоа што роботите можат да ги чистат масите. Луѓето не исчезнуваат од оваа индустрија, се уште се тука и ќе бидат потребни и во иднина“, порачаа сопствениците на ресторанот.
Рестораните во Холандија беа затворени со месеци, а многу од нив продолжуваат со работа, со рестрикција на бројот на гостите.