На интернет се појавиле тврдења дека Бил Гејтс и неговата компанија „Мајкрософт“ имаат патент под бројот 060606, за микрочип ставен во телата на луѓето, со кои би се надгледувала нивната активност, во замена за криптовалута, пишува „Курир.рс“, повикувајќи се на Fullfact.
Постои оригинален патент за кој „Мајкрософт“ аплицирал уште во 2019 година, по бројот V0/2020/060606. Во патентот се споменува технологија која овозможува следење на активностите на луѓето во замена за криптовалути, но во патентот не се споменуваат вградувањето на чиповите.
Конкретно, патентот е систем во кој на корисниците им се даваат задачи, кои со нивното учество, или по завршувањето на активностите им следува награда во вид на криптовалути. Информациите се собираат преку сензори, преку понтецијалниот внатрешен кориснички уред, за да се утврди дали задачите се завршени.
Во патентот се опишува дека овој уред може да биде личен компјутер, сервер, мобилен телефон, таблет, лаптоп, паметен уред, паметен часовник или паметен телевизор. Исто така може да биде дел од употреблива технологија.
Сензорот е опишан како уред сам по себе или е вграден во корисничкиот уред.