Новите страници на историјата на авијацијата беа испишани оваа недела, откако својот прв лет го изврши најголемиот целосно електричен авион на светот.

Се работи за електричниот авион наречен eCaravan, кој е базиран на моделот Cessna и може да прими до девет лица.

Авионот својот прв лет го изврши во државата Вашингтон, а користи системи на електричен погон. Летот траел 30 минути.

Целосниот електричен авион би требало да влезе во комерцијална употребаа во 2021. година, јавува BBC.