Twitter веб-апликацијата сега им овозможува на корисниците да го испланираат времето на објава на твитовите. Досега беше можно да се користат екстерни клиенти (како што е Tweetdeck) за да се планира објава на твитовите кои би биле објавувани во закажаниот термин.
За да се креира твит, потребно е да се кликне на иконата на календарот во дното и да се избере датумот и времето кога сакате да биде објавен твитот. Социјалната мрежа со оваа функција експериментира уште од минатата година, а сега стана јавно достапна за веб апликацијата.
Уште една нова функција, која стигнува на Twitter е можноста за чување на твит во драфтот. За ова да се направи, потребно е да се кликне на X копчето во горниот лев агол на прозорецот за креирање твитови, а потоа да се кликне на Save копчето. За да им пристапите на сочуваните твитови, потребно е да се избере Drafts опцијата во врвот. Битно е да се напомене и дека драфтовите сочувани на Twitter веб клиентот, нема да бидат синхронизирани со мобилна апликација.
Поврзани артикли