Honor потврди дека на 3. јуни официјално ќе ги претстави Honor Play 4 и Play 4 Pro смартфоните. Постерот за објава е забележан на Weibo страницата на Honor.
Во меѓувреме, Honor Play 4 се појави на TENAA сертфикација, заедно со спецификациите на уредот. Смартфонот е прикажан под ознаката TNNH-AN00.
Се очекува дека двата Honor 4 уреда ќе имаат 5G поддршка, но TENAA листингот не открива кои процесори ќе ги користат телефоните. Споменат е само 2.0GHz осмојадрениот CPU, кој би можел да биде MediaTek Dimensity 800. Play 4 Pro може да користи помоќен чипсет, како Kirin 990 моделот, но тоа се уште не е потврдено.
Honor Play 4 ќе има 6.81-инчен дисплеј со Full HD+ резолуција од 1080 x 2400p. Телефонот го напојува батерија од 4200mAh, а пристигнува со Android 10. Ќе бидат достапни 4GB, 6GB и 8GB RAM, како и 64GB, 128GB и 256GB простор за складирање.
Системот на камери на задната страна ќе го сочинуваат 64MP главен сензор, 8MP секундарен и уште два 2MP сензори. Средната камера од 16MP е сместена во punch-hole отвор.
Интересно е дека се очекува Honor 4 Play Pro (на насловната фотографија) да има само две камери, од кои главната користи Sony IMX600Y сензор.
Поврзани артикли