Од Министерството за информатичко општество ги повикуваат сите граѓани неодложно да ја инсталираат апликацијата СтопКорона .
„Во услови на олабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата“, се наведува во соопштението.
Во него се објаснува дека апликацијата СтопКорона, брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на најблиските.
Граѓаните апликацијата може да ја преземат на следниов линк.
Поврзани артикли