Според новиот извештај на Cowen инвестициската банка, објавата на iPhone 12 серијата би можела да биде одложена за барем два месеца и ќе се случи во текот на ноември, наместо кон средината на септември. Претходните извештаи сугерираа одложување на објавата од еден месец за претставување и масовно производство, а сето ова е последица на пандемијата на коронавирусот.
Се очекува дека ќе имаме четири нови iPhone модели, а сите ќе имаат поддршка за 5G конекција и OLED панели со помал засек (notch). Дијагоналите на екранот ќе бидат помеѓу 5,4 и 6,7 инчи, со два модела од 6,1 инчи во средина. Кога е во прашање дизајнот, се очекуваат четвртести рабови во стилот на iPad Pro.
Apple би требало новите iPhone модели да ги опреми со A14 Bionic чипсет, креиран во 5nm процес на производство на TSMC. Количеството на RAM меморија би требало да изнесува 4GB, додека на премиум Pro моделите од 6,1 и 6,7 инчи ќе бидат достапни 6GB RAM и до 512GB простор за складирање. Ќе постои и 128GB основен простор за складирање, кој ќе ги замени досегашните 64GB.