Новите информации за претстојните WH-1000XM4 слушалки на Sony говорат за спарување на повеќе од еден уред.
Овие слушалки ќе го заменат моделот WH-1000XM3, кој спаѓа во самиот врв кога се работи за пазарот на безжични слушалки.
Информациите потекнуваат од кодот на Sony Headphones Connect апликацијата, која навестува дека M4 слушалките ќе поддржуваат симултано спарување со два уреда. Оваа можност не ја имаше претходниот модел, туку беше потребно повторно спокување доколку корисникот сака да спари друг уред.
Sony WH-1000XM4 Info from Headphone Connect 7.0.1
Looks identical to the XM3.
It'll be able to change some (if not all) headphone settings based on your location (set locations or your own) and uses Google Maps API for it.New DSSE Extreme (also on X1ii), probably AI Upscaling pic.twitter.com/7hpGMIE7Bb
— JustPlayingHard (@justplayinghard) May 21, 2020
Моделот M4 би требало да ја има и опцијата Smart Talk, која им овозможува на слушалките да детектираат гласови и да го прилагодат звукот на амбиентот, така што можете да го слушнете разговорот без потреба од вадење на слушалките. Претходниот модел имаше нешто слично под името Ambient Sound мод, кој му овозможува да го слушне звукот од опкружувањето без потреба за симнување на слушалките.