Кинеската компанија Xiaomi до крајот на оваа година би требало да престане со производство на 4G паметни телефони и да продолжи со производство на исклучиво 5G уреди.
Во интервју за кинеската агенција Xinhua, соосновачот и извршен директор на компанијата, Леи Џун, открил дека освен целосната преориентација на 5G уредите, се планира и почеток на тестирање на 6G технологија и развој на сателитски интернет.
Освен мобилните телефони, “Xiaomi” ќе се ориентира и на различните аспекти на 5G технологијата како што се IoT уредите (Internet of Things) и 5G системи за рано предупредување во случај на катастрофа кои Xiaomi ги развива во соработка со државата.
Инаку, епидемијата на коронавирусот не ѝ наштети во голема мера на оваа компанија, која во првиот квартал од оваа година дури и забележа пораст. И покрај тоа, Леи Џун наведува дека постои проблем со недостигот од 5G уреди во складиштата поради што е добиена финансиска стимулација со цел да се зголеми нивното производство.
Извор: Telegraf.rs