Компанијата Realme официјално го претстави X3 SuperZoom телефонот. За уредот веќе претходно дознавме преку протечени информации и тизери, а сега сето тоа е потврдено.
Realme X3 SuperZoom своето име го доби по 8MP 122mm 5x перископ зум објектив. Овој објектив, со помош на 64MP главен сензор, може да креира до 60x хибридни зум фотографии. Останантите камери на задната страна се 8MP ултраширока и 2MP макро. Главната камера нуди Nightscape 4.0 со Pro мод со рачни подесувања како што се ISO, брзина на затворачот, балансот на белата боја, автофокусот, како и AI Mode.
Од предната страна, Realme X3 SuperZoom има две селфи камери во punch-hole отвор, со 32MP Sony IMX616 главен сензор и 8MP ултраширок сензор. Главниот сензор нуди Nightscape Selfie снимање – Night режим за селфи..
Дисплејот на телефонот е 6,57-инчен 1080 x 2400p IPS LCD, со освежување од 120Hz. Сензорот на отпечатоци на прсти е сместен од страна, а Realme тврди дека телефонот се отклучува за 0,3 секунди.
X3 SuperZoom користи Snapdragon 855+ чипсет, 12GB RAM, 256GB UFS 3.0 складирање со Turbo Write. Батеријата има капацитет од 4200mAh и поддршка за 30W брзо полнење.
Realme X3 SuperZoom ќе се најде во продажба од 2. јуни, a Glacier Blue и Arctic White варијанти, по цена од 499 евра за 12GB/256GB конфигурација.