Јужнокорејската компанија LG објави дека наскоро почнува со продажба на својот најнов OLED телевизор. Моделот од 48 инчи ќе има цена од 1499 долари, а на пазарот ќе се испорачува во јуни.
LG 48CX е првиот OLED телевоизор со големина на дисплејот од 48 инчи, а пристигнува со функции кои се конкурентни на големите гејминг монитори. Со споменатата големина и високата резолуција, LG тврди дека густината на пиксели може да се спореди со онаа на 96-инчните 8К дисплеи.
Како другите годинашни 4K OLED телевизори на компанијата LG и 48CX модел има NVIDIA G-Sync технологија (FreeSync поддршката ќе стигне преку софтверско поддржување). Телевизорот може да поддржи содржина до 120fps 4K, со Dolby Vision или HDR10. Тука се и подобрениот Audio Return Channel (eARC), auto low latency mode (ALLM) и variable refresh rate (VRR) функциите.