HP ја објави новата серија EliteBook лаптопи, во рамките на која компанијата ги претстави моделите HP EliteBook x360 1030 G7, EliteBook x360 1040 G, EliteBook 805 G7 и EliteBook 800 G7 Series.
HP EliteBook x360 1030 G7 и HP EliteBook x360 1040 G7 се премиум лаптопи, кои се за 6,3 проценти помали од прертходната генерација и ги карактеризира 89 проценти screen-to-body однос. Лаптопите ја имаат десеттата генерација Intel Core vPro процесори и пристигнуваат со 4×4 LTE антени. Моделот HP EliteBook x360 1040 G7 го карактеризира работен век на батеријата во траење до 29 часа.
Достапноста на двата споменати лаптопа се очекува во јули, а цените ќе бидат објавени накнадно.
HP EliteBook 805 G7 и HP EliteBook 800 G7 Series моделите се дизајнирани за мултитаскинг, а пристигнуваат со AMD и Intel опции на процесори. Овие лаптопи пристигнуваа со опции на големини на екранот од 13.3, 14 и 15.6 инчи.
HP EliteBook 805 Series лаптопите ги покренуваат AMD Ryzen PRO процесори и Radeon VEGА графички картички. Ова се моментно најтенките и најлесни AMD мејнстрим лаптопи, а имаат дваесетчетиричасовна работа на батеријата.
Поврзани артикли