Women in Tech® глобалното движење најавува 24-часовна виртуелна конференција за сите заинтересирани во технологија овој четврток, 28 мај 2020 година со почеток од 13 часот.Темата „Заземи простор“, има за цел да претстави глобално заземање на просторот што им е потребен на сите девојки и жени да напредуваат во нивниот професионален и приватен живот.
Конференцијата ќе започне во 13 часот попладне во Париз (CET) и ќе продолжи со непрекината програма 24 часа во живо од различни локации. Повеќе од 150 говорници од целиот свет, вклучително и нашата земја, Северна Македонија, Австралија, Канада, Чиле, Франција, Гана, Иран, Израел, Тајланд, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Перу, Обединетите Арапски Емирати, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Косово, Јужна Африка, Шведска, Швајцарија, ќе презентираат успешни приказни, клучни теми, решенија, преку панел дискусии, презентации, интервјуа и работилници.
Ајуми Мур Аоки, основач на Women in Tech – глобално движење, вели: „Живееме во невидени времиња, каде нашиот физички простор е оспорен и ограничен, без оглед на полот, возраста или националноста. Затоа имаме за цел да охрабриме разговор со жените од целиот свет за тоа како човештвото може да заземе простор на земјата и пошироко, на поодржлив и инклузивен начин за нашата иднина“.
Ајде да зголемиме можности за жени и девојки во технологија.
Со 15.000 членови низ целиот свет, Women in Tech е меѓународна организација со двојна мисија: да се затвори родовиот јаз и да им се помогне на жените да прифатат технологија. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, при што имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со овозможување на потребните вештини и самодоверба за да успеат во сите СТЕМ кариери. Преку нашата мисија предводена од целите, тесно поврзана со Одржливите нации на ООН Развојни цели, ние се фокусираме на спроведување на нашата стратегија преку напредок и фокус на четирите главни столба: Образование, претприемништво, социјално вклучување, наука и иновации.
Горди сме што оваа конференција е носител на врвни и светски инспиративни жени како Д-р Кристил Џонсон, заменик директор за технологија и истражувачки инвестиции во НАСА „Годард“ Центарот во Гринбелт, почесен претседател на Women in Tech, која ќе ја предводи Вселенската панел дискусија каде ќе се разговара за „Како можат вселенските технологии да го подобрат животот на Земјата“. Други панелисти се: д-р Холи Гилберт, директор на одделот за хелиофизика (НАСА Годард) и д-р Криста Питерс-Лидар, главен научник (НАСА Годард) и д-р Лори Глаз, директор на планетарна дивизија (НАСА, Вашингтон.)
Покрај странските познати говорници, од нашата земја, говорници, ментори и модератори ќе бидат локалните Амбасадори – Катерина Трајчевска која ќе оддржи работилница за претприемништво и започнување на свој бизнис, Моника Ризовска ќе води панел дискусија за млади претприемачи и лидери и министерката за финансии на Република Северна Македонија – Нина Ангеловска ќе збори на панел дискусијата со светски лидери министри за како може да се овозможат повеќе услови на сите девојки да го доразвијат својот потенцијал.
Во текот на оваа виртуаелна тура, Women in Tech глобалното движење ќе лансира и 7 нови поглавја на жени во технологија во: Ангола, Канада, Перу, Израел, Тајланд, САД и Јужна Африка. Присутните на конференцијата ќе имаат можност да слушнат светски лидери, модели на пример и жени во технологија што ќе го промовираат својот домен од индустрии од вештачка интелигенција до Blockchain, FemTech, климатски промени и HealthTech.
Сите заинтересирани може да се регистрираат онлајн тука.
Повеќе за говорниците и менторите тука.
Повеќе за програмата и агандата тука.
Поврзани артикли