Шведска не е единствената што тргна на патот на „модернизација на земјата“. И во Словенија најавиле инсталација на 5G мрежата.
Групата „Теле2“ објавила дека Шведска ја добила првата јавна мобилна мрежа од новата генерација 5G. Во последната минута ги престигна конкурентните компании „Телија“ и „Ериксон“, пренесуваат медиумите.
Потрошувачите во Стокхолм можат да пребаруваат на Интернет со брзина од 5G од недела, додека оние во Гетеборг и Малме ќе треба да чекаат до 24 јуни.
После тоа, „Теле2“ постепено ќе ја проширува мрежата во остатокот од земјата.
„Телеком Словенија“ исто така најави дека планира да воспоставi тест мрежа со 5G технологија во пристанишниот град Копер, со цел да ги истражi можностите за развој и да тестира разни решенија за логистика.
Планирано е 5G инфраструктурата да понуди не само комуникациски услуги, туку и други, како што се логистика, сообраќај, здравство, енергија, производствени погони, паметни градови и заедници, пренесува Танјуг.
Компанијата додава дека слични решенија ќе бидат тестирани во Хамбург, Германија и Пиреја, Грција.