Ако не можете сами да прекинете со гледање на YouTube, сега можете да вклучите аларм кој ќе ве потсетиндека е време за спиење.
Сите барем еднаш сме се нашле во ситуација кога предолго време сме поминале на YouTube и велиме дека ќе го погледнеме само уште едно видео.
Ако и вам ви се случило да ги губите ноќите поради YouTube, од Google пристигнува помош. Досега, корисниците одвреме навреме беа потсетувани да направат пауза од гледање и малку да се одморат, а сега оваа платформа воведе и опција „време за спиење“.
Станува збор за нова опција што функционира како аларм. Потребно е во апликацијата YouTube да го напишете времето кога сакате да одите на спиење и апликацијата ќе ве потсети на тоа дека е време да се исклучите. Корисниците можат да изберат во кое време сакаат потсетникот да се вклучи и дали потсетникот ќе излезе во текот на видеото или кога видеото ќе заврши.
Секако, YouTube дава и опција за одложување на алармот, што на корисниците им „купува“ уште неколку минути гледање или негово исклучување, ако баш сакате да гледате цела ноќ.
За да ви се појават овие опции во поставките на апликацијата YouTube потребно е да ја ажурирате апликацијата за iPhone или Android и да се логирате во вашата Google профил. Потоа, во поставките треба да ја најдете опцијата „Потсети ме кога е време за спиење“.
Ако сè уште не ја гледате оваа опција, од Google велат дека во наредните недели ќе им биде достапна на сите.
Извор: Zimo.hr