Реномираниот тим на хакаери на iPhone уредите објави нова jailbreak алатка, која го отклучува секој iPhone, а ова ги вклучува и најновите модели со iOS 13.5.
Jailbreak објавен од страна на unc0ver тимот ги поддржува сите iPhone модели, кои ги поддржуваат iOS 11 и поновите верзии на платформата. Не се познати детали за ранливоста, која хакерите ја користат за да креираат jailbreak, но не се очекува да биде присутна засекогаш. Apple обично брзо пронаоѓа начин да го закрпи пропустот и да оневозможи jailbreak.
Уште од кога Apple го имплементираше својот „walled garden“ пристап за iPhone, каде се дозволуваат само прилагодувања и апликации кои ќе ги одобри компанијата, хакерите пробуваат да се ослободат од тој затвор (jail), како што го нарекуваат и поради тоа го носи името jailbreak. Хакерите тоа го прават така што пронаоѓаат претходно неоткриени ранливости во iOS, кои ги пробуваат многуте рестрикции и забрани, кои Apple ги наметнал за да спречи пристап до софтверот. Apple истакнува дека ова го прави за да ја подобри сигурноста, додека хакерите тврдат дека пробивањето на овие рестрикции овозможува прилагодување на iPhone уредите повеќе отколку што било можно порано, на начин на кој многу Android корисници веќе се навикнати.
Сигурносните експерти вообичаено им препорачуваат на iPhone корисниците да не користат jailbreak, бидејќи значајно ја зголемува подложноста на ранливости, кои постојат и можат да се пронајдат и злоупотребат.
Поврзани артикли