Мејнстрим медиумите инсистираат на тврдењето дека коронавирусот претставува егзистенцијална закана за луѓето, користејќи заклучоци дека вирусот мутира како доказ за тоа. Но, реалноста е поинаква.
The Guardian објави анализа со наслов: “Научниците загрижени дека коронавирусот се прилагодува на луѓето”. Но, зарем вирусот не е веќе прилагоден на луѓето? Во спротивно, зошто би се кревала прашина?
Во секој случај, написот се однесува на неодамнешната анализа на илјада коронавирусни геноми ширум светот, откривајќи дека некои имаат мутации кои не се присутни во оригиналниот сој од Вухан.
Ако новите податоци, кои сугерираат дека Ковид-19 не е посмртоносен од сезонскиот грип, се точни, дали тоа значи дека целиот свет треба да излезе од карантин?
Треба да се сфати една важна работа: вирусите мутираат. Целата ДНК структура мутира – вклучувајќи ја и вашата. Но, ова не е лошо. Да, точно е – зборот има негативна конотација; замислуваме мутанти како страшни, деформирани суштества од научнофантастичните филмови. Но, во реалноста, мутацијата е природен процес и еволуцијата се ослонува на неа.
Се чини дека некои медиумски фракции се посветени на искористување на негативните асоцијации кои луѓето ги имаат врзано за “мутантите” и “мутациите” само за да ја заплашат јавноста.
Д-р Џон Ли, угледен епидемиолог во пензија и отворен критичар на постапките на владата во Велика Британија, го набљудува коронавирусот преку леќата на еволуцијата и фасцинантно сфаќа дека мутациите би можеле да бидат добра работа. Вирусот кој е премногу смртоносен ќе изумре со своите домаќини пред да може да се шири, но за да се шири “на големо”, што на крајот на краиштата е неговата единствена цел – паметниот вирус станува сè поблаг. Бидејќи мутациите помагаат во тоа, Ли очекува новите соеви да бидат помалку штетни.
Однадвор изгледа како вирусот да се “истрошил”. Во реалноста, тоа се различни честички на вирусот кои и понатаму се шират, но не е силниот облик на вирус на кој почнува да му недостига сила.
Можеби единствената негативна работа кај мутациите е всушност оневозможувањето на развој на вакцина. Вакцините се ослонуваат на создавање на антигени кои приближно одговараат на прецизниот молекуларен карактер на патогенот за кој станува збор. Ако се промени тој патоген преку мутации, тој ги уништува најдобрите планови за вакцина, а варијациите кои веќе можат да се применат во гените на коронавирусот не претставуваат добро за големите фармацевтски компании. Ова не е изненадувачки бидејќи SARS-CoV-2 е едноланчан РНА вирус – вид на вирус кој е особено склон кон мутации. Всушност, сите коронавируси се од овој тип.
Засега мутациите не би требало да бидат на врвот на листата на приоритети во поглед на борбата против коронавирусот. Како што вели професорот Ник Ломан од универзитетот во Бирмингем во друг напис за “The Guardian” – “сигурен сум дека нема да биде важно кои мутации ги има вирусот… Гледаме да видиме дали било која од мутациите го менува однесувањето, а ние немаме никаков доказ за тоа”.
Во својот последен напис за “Spectator”, Ли вели дека новиот коронавирус едноставно “доаѓа во рамнотежа со своите нови човечки домаќини”.
Можеби мутациите се само дел од овој процес – новороден животен облик кој се вклопува во нов дом. И има време да се “скраси” бидејќи за вакцината – ако некогаш биде направена – ќе треба да почекаме најмалку една година.
Извор: Espreso.rs
Поврзани артикли