Redmi 10X ќе биде прв телефон кој ќе го користи MediaTek Dimensity 820 чипсетот. Со оглед на тоа дека споменатиот чип ќе поддржува dual SIM, како и dual standby функција на 5G (овозможувајќи две SIM картички да бидат поврзани истовремено), Redmi 10X ќе биде и прв смартфон со дуал SIM 5G поддршка.
Покрај тоа, Redmi 10X ќе има AMOLED екран, со Always On Display функција. Екранот ќе може во голема мерка да се прилагодува со помош на текст, фотографии, шеми и други елементи.
Покрај напредните опции на конекции, MediaTek Dimensity 820 чипсетот ќе овозможи и премиум перформанси. Повеќе детали ќе бидат познати 26. мај, кога се очекува објава на Redmi 10X 5G, а можно и на 10X Pro 5G моделот.
Поврзани артикли