Во претходните неколку месеци, апликациите за онлајн вежбање доживеаја вистински подем, па се проценува дека 10-те најпопуларни фитнес апликации во светот оствариле пет милиони повеќе преземања во текот на март во споредба со декември минатата година. Раст од дури 60 проценти! Пред нас е прашањето дали со враќањето во вообичаениот ритам ќе се вратиме во теретаните или ќе продолжиме да вежбаме од дома. Како и да е, важно е да најдеме време за физичка активност, за да го подобриме расположението и состојбата на духот.
Во здраво тело – здрав дух
Освен влијанието на хормонот за среќа ендорфин, тука е и фактот дека при вежбањето немаме време за негативни мисли. На нас е само да одбереме омилен тип на вежби и да поставиме цели. Голема предност на дигиталната доба е во тоа што сега од многуте идеи и инспирации за здрав и фит начин на живот нѐ делат само неколку кликови, па слободно можеме да кажеме дека овој тип на содржина ни е поблизок и подостапен од било кога. Така и во последно време на корисниците на друштвените мрежи им се на располагање разни тренинзи во живо со фитнес инструктори, кои одлучија да понудат бесплатна содржина и корисни совети за да ги поддржат своите корисници. За да биде уживањето поголемо, а тренингот поефикасен, вашиот телефон можете да го поврзете со Samsung smart QLED телевизорите и на големиот екран да ги емитувате тренинзите.
Измерете ги резултатите и поставете реални цели
Различните тренинзи и вежбите за опуштање се идеални за затворени простории, а за да не останете само со идејата, добро е да имате фитнес асистент. Независно од тоа дали ќе правите динамични вежби, јога, омилен тренинг од вашиот фитнес идол или вежби на елиптична справа, за мерење на постигнатите резултати, како откуцувањата на срцето или потрошувачката на калории, идеален е смарт часовникот, како што е Samsung Galaxy Watch Active2 кој што овозможува да ги постигнете фитнес целите, го контролира стресот како и спиењето. Дополнително, само со еден клик можете да примите или да остварите повик, да пристапите на социјалните мрежи и видео записите или да креирате содржини.
Кога Galaxy Watch Active2 е спарен со Galaxy смарт телефонот, опцијата Watch Camera Controller на смарт часовникот овозможува едноставно креирање на содржини, додека безжичната опција PowerShare на мобилниот телефон овозможува брзо полнење на смарт часовникот. Освен тоа, сите Samsung услуги што го сочинуваат Galaxy екосистемот, вклучително и Samsung Health се совршено интегрирани во смарт часовниците и мобилните уреди. Така, со Samsung Health лесно можете да поставите цели и да го следите напредокот во интензитетот на тренингот, квалитетот на сонот, внесот на калории и внесот на вода.
Уживајте во предностите на модерната технологијата и искористете го секој слободен момент за да дојдете до посакуваната форма и да одржите врвна кондиција. И не заборавајте, клучот на фитнесот е мотивацијата. Затоа споделете ја содржината со другите, останете во контакт преку телефонот и социјалните мрежи и охрабрете ги пријателите и членовите од семејството да станат здрави на позабавен, интерактивен начин со Samsung Health Together.