Заедно со најреномираните светски IT брендови: Microsoft, Oracle, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python
Семос Едукација веќе 10 години по ред доделува стипендии за најпопуларните IT професии во светот. Како и секогаш Семос Едукација овие стипендии делумно ги обезбедува преку својата партнерска мрежа како долгогодишен партнер и авторизиран тренинг и тестинг центар на: Microsoft, Oracle, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python и други светски познати брендови.
Стипендиите ќе се доделуваат преку летните менторски програми кои вклучуваат пакет на официјални обуки во Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти во реална работна околина, под менторство на професионалци од македонски и странски компании. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување на искуство и вработување во компанијата.
Оваа година ќе се доделат вкупно 70 стипендии за професиите:
- 10 Стипендии за Data Analyst by Microsoft
- 10 Стипендии за Web Developer by Microsoft
- 10 Стипендии за Java програмирање by Oracle
- 10 Стипендии за Software Tester by ISTQB (ISQI)
- 10 Стипендии за Графички дизајн by Adobe
- 10 Стипендии за BIM технологии by Autodesk
- 10 Стипендии за Python by Semos Education
“Зошто ги одбравме токму овие професии? Data Analyst ќе биде една од најбараните 5 професии по COVID-19 пандемијата, додека сите знаеме дека најбарани се програмерите (Microsoft, Web Developer, Java, Python…). Софтвер тестер е најбрзо растечката професија во моментов. Креативните индустрии пак од друга страна се во постојан недостаток од квалификувани графички дизајнери кои можат да работат и како freelancer-и на платформи како Upwork, Fiverr, Skyword . Во светот денес, BIM технологијата е најактуелната апликација во градежништвото и архитектурата. Навлезена е во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки. Од таа причина и ја креиравме оваа понуда за секој да може да се пронајде во една од овие професии и да добие стипендија која може да има големо влијание врз неговата кариера како IT професионалец, без разлика дали е почетник или веќе искусен експерт.” – изјави Анче Атанасова, менаџер за човечки ресурси во Семос Едукација и раководител на Кариерниот центар.
Во однос на пријавување за стипендиите за летните менторски програми, може да се пријави секое лице кое сака да учи, да се доквалификува или преквалификува и да работи на реален проект, а потоа ќе може да започне нова кариера во одбраната област. Од Семос Едукација велат дека праксата покажала дека најчесто се пријавуваат студенти, невработени лица, лица кои прават целосна преквалификација и вработени лица кои сакаат да ги прошират своите знаења и да напредуваат во кариерата. Најдобрите слушатели ќе добијат можност за пракса, стекнување на искуство и вработување во компанијата преку нивниот Кариерен Центар.
Сите детали и информации за овие програми се објавени на социјалните медиуми и на веб-страницата на Семос Едукација.
Поврзани артикли