Учесниците во истражувањето ќе бидат платени, но прашање е кој после изолацијата поради коронавирусот би сакал да помине уште осум месеци изолиран од надворешниот свет.
Со оглед на тоа што американската вселенска агенција се подготвува за нови мисии, вклучувајќи ја и мисијата на Месечината, а во далечна иднина и на Марс, треба да бидат подготвени, односно да истражат како астронаутите би се однесувале изолирани со уште неколку колеги во мал простор кој симулира вселенско летало.
Поради тоа, NASA планира да изврши тестирање меѓу мала група на луѓе кои ќе поминат дури осум месеци изолирани во услови какви што можат да се очекуваат во едно вселенско летало. Во истражувањето можат да учествуваат само американски државјани на возраст од 30 до 55 години. Тие мора да имаат образование од областа на науката и медицината, а задолжително е познавање и на рускиот јазик.
Засега не е откриено колку NASA планира да им плати на учесниците во истражувањето кое инаку ќе се одржува во Москва.
Резултатите од истражувањето би требало да ѝ помогнат на NASA да пронајде ефикасни начини и методи кои на астронаутите би требало да им го олеснат времето поминато во вселената и решавањето на проблемите со кои би можеле да се соочат во текот на долгите патувања, изолацијата и повеќемесечните мисии.
Извор: Zimo.hr