Facebook воведе нова функција за разговор – Messenger Rooms, за да може да се натпреварува со Zoom, Skype и Google Meet.
Сè повеќе луѓе се вклучуваат во видео разговори, за што придонесе и пандемијата на коронавирус, па Facebook реши да ги подобри своите функции. Месинџер собите се појавија во некои земји на почетокот на мај, пред да се рашират во поголемиот дел од светот минатата недела.
Заштитата на приватноста во месинџер собите вклучува можност да се контролира кој ја гледа собата и можете да ја заклучите или пак да ја отклучите. Ако е отклучена, секој може да се придружи и да ја сподели со други, но креаторот на собата мора да биде присутен за да започне повикот. Креаторите исто така можат да ги исклучат другите луѓе од разговорот.
За да креирате соба од вашиот телефон, проверете дали ја имате најновата верзија на мобилните апликации за Фејсбук и Месинџер, а потоа отворете ја апликацијата Месинџер. Кликнете на опцијата „Луѓе“ во долниот десен агол и изберете ја опцијата „креирај соба”. Потоа ќе биде побарано да изберете луѓе кои сакате се приклучат на разговорот.
Можете да ја споделите просторијата на почетната страница, во групи и настани, исто така можете да се приклучите од вашиот телефон или компјутер.