Honor X10 е официјално претставен, а телефонот имплементира значајни подобрувања во однос на неговиот претходник Honor 9X.
Задржан е дисплејот без засек, а уредот има pop-up камера од 16MP. LCD екранот на смартфонот има дијагонала од 6,63 инчи, со FHD+ резолуција и освежување на екранот од 90Hz (180Hz touch sampling).
На задната страна се наоѓаат три камери: 40MP RYYB главна, 8MP ултраширока и 2MP сензор за длабочина. Камерите на задната страна се поддржани со надградена AI технологија, што дополнително ги подобрува можностите за фотографирање.
Honor X10 го покренува неодамна објавениот Kirin 820 чипсет, во комбинација со до 8GB RAM и 128 GB простор за складирање податоци. Телефонот има поддршка за 5G мрежи во SA и NSA модови. Тука се и подобрениот GPU Turbo и Kirin Gaming 2.0+ за подобро гејминг искуство.
Уредот го напојува 4300mAh батерија со поддршка за 22.5W брзо полнење. Оперативниот систем е Magic UI 3.1.1, заснован на Android 10 (AOSP верзија).
Honor X10 е достапен најпрвин на кинескиот пазар, по цена од околу 267 долари, 309 долари и 338 долари за 6GB + 64GB, 6GB + 128GB и 8GB + 128GB модели.