PayPal ја претстави можноста за користење QR-код за трговија со стоки на 28 пазари низ целиот свет.
Од земјоделските пазари до продажба на половни производи – воведувањето на QR-код во апликацијата PayPal им овозможува на клиентите да купуваат или продаваат лично.
Користењето на функцијата QR код во PayPal апликацијата овозможува лична трансакција со помош на паричник. На пример, клиентите кои лично продаваат предмети можат да испишат QR код, да го постават во своја близина, а потрошувачите едноставно ги скенираат износите кои ги плаќаат и веднаш ги испраќаат парите.
На продавачот ова му овозможува да ги минимизира физичките интеракции со клиентот, а исто така ја ограничува интеракцијата на корисникот со “checkout” технологија.
Не постои технологија за допирање или купување – само насочете ја камерата на паметниот телефон на QR-кодот кој е отпечатен или присутен на другиот екран.
– Знаеме дека во моменталното опкружување, купувањето и продавањето на стоки на здравствено освестен, сигурен начин, е приоритет за многу луѓе ширум светот, изјави Џон Кунзе, претставник на PayPal.