Темниот режим за Google апликацијата е долго очекувана карактеристика, а прво им беше достапен на корисниците на Pixel телефоните, по објавата на Android 10. Сега Google објави дека темниот мод конечно пристигнува до сите Android и iOS корисници.

Ажурираната темна тема е достапна за корисниците на Android 10, iOS 12 и iOS 13 платформите, а ќе се адаптира на темата на системот. Корисниците, исто така, можат во подесувањето на апликацијата да изберат поинаква тема. Ажурирањето пристигнува во сегменти и нема на сите да им бидат достапни во ист момент.

Иако Google ја истaкнува достапноста на темните теми за Google апликацијата само на Android 10, сајтот 9to5Google укажува дека темата е достапна и на старите верзии на платформата, а исто така може да се промени преку подесувањето на апликацијата.