Две деца во Србија добиле т.н. токсичен шок синдром во текот на инфекцијата коронавирус, новиот синдром кој што беше идентификуван во Америка и Европа пред околу 3-4 седмици, а на кој Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди докторите ширум планетата.
Овие нови симптоми личат на т.н. Кавасаки синдром, кој што се карактеризира со зголемена телесна температура, осип по кожата, зголемени лимфни чворови на вратот, црвенило на очите, дијареа, воспаление на крвните садови.
Овие симптоми ги развиле 230 мали деца низ Европа, од кои две починале.
Америка пријави слични случаи, додека пак во Србија експертите успешно го завршуваат лечењето на двајца мали пациенти во Институтот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“.
Guardian reports Italian doctors have discovered 1st clear evidence #COVID19 is linked to rare #KawasakiDisease in children: https://t.co/TwHSVnSQrL
— Car deB ?? (@CdeBur_Europe) May 14, 2020
„Досега во Србија се појавија два слични случаи и двата се кај нас на Институтот. Нивната клиничка слика личи на т.н. Кавасаки синдром, баш како што сето тоа е опишано во светот, а тоа е васкулитис или воспаление на крвните садови.
Сепак станува збор за нетипичен васкулитис, според примерот на Кавасаки, затоа што кај децата воглавно се појавува до петтата година. Овие пациенти се постари, на осум и девет годишна возраст. Исто така кај нив не е во целосна мера исполнет тој синдром, ги немаа сите критериуми за него.
Воглавно таквите деца имаат осип по кожата, гастроинтестинални пореметувања, висока телесна температура, а воочлив е и конјуктивитис. Едно од двете деца доби инфекција миокард или на средниот слој на ѕидот од срцето, додека пак другото имаше т.н. дилатација или ширење на коронарните или срцевите артерии“ – изјавил д-р Предраг Миниќ.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли