Десет говорнички – role models и успешни жени во технологијата преку своите инспиративни приказни ги потикнаа девојките да размислуваат за кариера во технологијата преку онлајн конференцијата „Девојки во Технологија“ која се оддржа во четвртокот (14.05.2020 година) во живо преку платформата Zoom и социјалните медиуми и достигна над 3000 гледачи.
Десетте говорнички во текот на 4 часа успеаа да го задржат вниманието на над 600 слушатели во живо и преку интеракција овозможија простор сите жени, девојки во технологија, лидери во ИТ индустријата, да разменат мислења, да дискутираат за своите животни приказни и да споделат искуство. Поставените прашања и дадените одговори ги разнишаа бариерите и стереотипите дека девојките не можат да успеат во технологија. Оваа конференција беше инклузивна, беа присутни и машки и донесе порака дека битна е меѓусебната соработка и взаемна помош. Покрај дискусијата, беа доделени и едукативни, спортски и поттикнувачки награди на 10 девојки.
Своите искуства и приказни ги презентираа Катерина Трајчевска – основач на Adeva, Гордана Мишевска основач на Edufront, Нина Николиќ – основач на Startup Macedonia и Womenpreneurs Stories, Теодора Николовска – основач на Vrootok и Galeksia, Олга Рајчич – основач на Challenger, Ангелина Блажеска – основач на FitKit, Марта Толевска – Дина Дамјановиќ – основачи на Ways2Help и Елена Костоска – основач на Твој Простор. Конференцијата ја модерираше Моника Ризовска, амбасадор на Women in Tech во Северна Македонија.
Овие приказни и искуства ќе продолжат да ги инспираат девојките кои се на прагот за избор на своја кариера, оние кои сакаат да направат напредок во технологија, но и сите останати жени и девојки преку промоција на инклузивност на работното место. За сите што не успеаа да бидат дел, видео записот од конференцијата во живо може да го погледнете
Организатори на конференцијата беа Women in Tech Македонија и Импакт Фондација – Скопје со поддршка од Град Скопје со цел да се зајакне улогата на жената во технолошкиот сектор како и потикнување на девојките повеќе да размислуваат за кариера во технологијата.
Конференцијата е дел од Програмата „Повеќе девојки во технологија“ која допринесува во поттикнување на младите во креирање идеи од областа на информатичката технологија и во поттикнување на младите активно да учествуваат во општеството. Самата конференција е поддржана од Град Скопје, во рамки на повикот за финансирање на програми и проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2020 година.
Фондација за одржлив развој ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА Скопје е фондација која работи на поддршка на приватниот сектор со мисија за континуирано промовирање на одржлив развој преку методологија на развој на пазарен систем на локално и регионално ниво на Балканот.
Women in Tech® е меѓународна непрофитна организација со двојна мисија: да го затворат родовиот јаз и да им помогнат на жените да прифатат технологија. Организацијата се фокусира на 4 основни области кои се повик за акција: Образование, претприемништво, настани и истражувања. Целта е да се едуцираат, овозможат и оспособат жените и девојчињата со потребните вештини за да успеат во кариера во STEM полињата.