Тимот составен од инженери и нуклеарни физичари дојде до потенцијално револуционерна идеја, која би можела да ја трансформира нуклеарната индустрија.
Имено, научниците во лабораторија разработија идеја за нуклеарен реактор кој се произведува само со помош на 3D печатач, и направија една целосно функционална единица. Иако многумина не одобруваат експериментираат со нуклеарни реактори, тимот од лабораторијата Oak Ridge тврди дека 3D печатењето е начин оваа индустрија да се приближи до 21. век.
Производството на делови за нуклеарни реактори е тежок и скап процес кој одзема многу време. Откако ќе се призведе, секој дел се тестира во рамките на тест реакторот, за да се утврди дали работи и колку е безбеден. Oak Ridge тврди дека процесот со помош на 3D печатач значајно се забрзува и дека отпечатените делови се тестираат во рекорден рок.
Тимот планира веќе во 2023. година да го пушти во работа малиот нуклеарен реактор кој ќе содржи отпечатено јадро. Во прашање е реактор кој нема да биде поголем од „просечно буре за пиво“, и кој со енергијата ќе може да ги снабдува потребите на околу илјада домаќинства.