Компаниите AMD и Lenovo во сорботка со холандскиот Национален институт за субатомска музика и Nikhef, објавија дека новиот и тукушто инсталиран компјутерски систем, кој моментно е во фаза на тестирање, ќе биде посветен на истражувањето на Ковид-19.
Овој систем на компјутери е наменет за прсеметки од сферата на физиката на честички и гравитациски бранови. DC-проширувањето засновано на Lenovo ThinkSistem SR655 серверите е инсталирано да се подготви за се поголеми протоци на податоци кои доаѓаат од CERN, каде се предвидува дека акцелераторот на честички од големиот хадронски судир же произведе десет пати повеќе од моментната количина на податоци. Минатата недела беа испорачани и инсталирани вкупно четири серверски ормани, со повеќе од 3800 AMD EPYC процесорски јадра и 31 терабајти меморија.
Новата изработка на кластери најавена за оваа недела следува по минатогодишниот договор со Nikhef, кој најави проширување на својот центар за податоци преку Dell EMC PoverEdge R6415 серверот, кој го покренува AMD EPYC. Институтот придонесува за создавање на идни технологии, при што физиката на честички ќе има клучна улога во развојот на интернет, GPS навигација, напредна сензорска технологија и техника на медицинско снимање.