Оваа недела, Uber отпушти 3.500 вработени, што претставува 14 проценти од работната сила, а вработените ја добија оваа вест преку Zoom видео повик, објави Forbes.
Поради пандемијата, на многу компании им е тешко, нивните приходи се значително намалени, а профит скоро и да нема. Многу компании беа принудени да отпуштаат голем број од своите работници.
„Знам дека е неверојатно тешко да се слушне. Никој не сака да биде на ваков повик. Моравме да го сториме тоа на начин кој ќе ни овозможи што побрзо да кажеме за да не се дознае преку гласини”, изјави шефицата на корисничкиот сервис на Uber, Руфин Шавело.
Генералната директорка на Uber, Дара Косровшахи изјави дека ќе се откаже од својата плата сè додека компанијата не закрепне од последиците на пандемијата.
Поврзани артикли