Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо предвидува дека Apple во втората половина на оваа година би можел да претстави подостапен iPad со екран од 10.8-инчи, а во првата половина на следната година уште еден модел (најверојатно iPad Mini), чија големина би била помеѓу 8,5 и 9 инчи. Овој аналитичар е познат по прецизните предвидувања за производите на Apple и прв кој го најави iPhone SE моделот.
Куо наведе дека овие модели би можеле да ја следат iPhone SE стратегијата, чија главна карактеристика е достапна цена со примена со најновите чипови на Apple. Не стана збор за потенцијалната цена на моделот, но ако се знае дека најевтиниот, 10,2-инчен iPad чини 329 долари, можно е да се очекува дека цената на новите уреди ќе биде уште пониска, или макар во тој ранг.
Покрај новите таблет уреди, Куо предвидува дека компанијата во 2022. година ќе ги лансира паметните очила за проширена реалност Apple Glasses. Претходните најави на овој производ беа за 2023. година, така што останува да видиме дали овие тврдења ќе се обистинат.