Социјалната мрежа Facebook прифатила да им плати вкупна отштета од 52 милиони долари на сегашните и поранешните модератори на содржини.
Тоа е надомест за загрозеното ментално здравје поради работата која ја вршат. Секој модератор ќе добие по најмалку 1.000 долари, одлучил судот во Сан Матео, а можна е и дополнителна надомест доколку се дијагностицира пост-трауматско стресно пореметување.
Договорот опфаќа 11.250 модератори, а правниците сметаат дека дури половина од нив може да имаат право и на дополнителна отштета поради тоа што работата како модератор им предизвикува разни ментални проблеми, како што се депресија и зависност.
Тие ќе можат да добијат дополнителни 1.500 долари, додека модераторите со потврден ПТСП може да добијат и дополнителни 6.000 долари.
Оваа тема добила поголем акцент во јавноста во 2018-та година, кога поранешната модераторка Селена Скола го тужела “Facebook”, тврдејќи дека развила ПТСП за само девет месеци, поради што нејзината работа подразбирала редовно да прегледува фотографии и снимки од силувања, убиства и самоубиства.
Освен ова, модераторите кои секојдневно гледаат вознемриувачка содржина ќе имаат советување со психолог еднаш во неделата. Засега, сите овие одредби ги опфаќаат само модераторите од Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида, но со оглед на важноста на проблемот, можеме да очекуваме дека оваа приказна ќе се шири понатаму.
Поврзани артикли