Светот ќе ја запамети 2020 година како голем предизвик поради справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот. Сведоци сме на креирање на една нова „нормала“ кон која сме приморани да се адаптираме. Во услови на социјално дистанцирање и борба да се одржи епидемиската крива на заболени во прифатливи рамки се чини дека купувањето на неопходните дневни продукти се одвива во отежнати услови, а да не го споменуваме шопингот за облека и несуштествените работи кои веднаш ни делуваат како тривијална активност. Но, доколку се лишиме од купувањето ова би значело и поголема мака за малите бизниси и нивното неопходно опстојување во вакви тешки и турбулентни времиња. Затоа треба да се земе предвид дека работите и не се така црни со соодветна поддршка за онлајн пазарење. Доколку досега не сте имале пракса тоа да го правите виртуелно сега е вистинското време да влезете во штосот и да ги научите сите потребни работи за да се чувствувате безбедно кога пазарите преку вашиот мобилен телефон или преку лаптоп. НЛБ Банка во периодот кој измина изготви голем број решенија и мерки со цел да ги заштити своите клиенти и да им ги олесни банкарските трансакции. Она што Вам ви преостанува е да се запознаете со неколкуте правила за да сте сигурни кога плаќате онлајн. Затоа во продолжение за Вас подготвивме неколку важни совети:
ПРАВЕТЕ НАРАЧКИ ОД СИГУРНА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈА
Ако купувате на интернет користејќи безжична мрежа, потребно е таа да се заштити со сигурна лозинка, за да не дојде до крадење на Вашите информации. Избегнувајте да правите финансиски трансакции кога користите јавна мрежа. Заштитете го Вашиот компјутер од потенцијални вируси со користење на антивирусни софтвери.
НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ
При онлајн шопинг, од Вас ќе биде побарано да внесете начин на плаќање, адреса за испорака, телефонски број, како и е-пошта. Доколку трговецот Ви бара и други лични информации како датум на раѓање, единствен матичен број или број на трансакциска сметка, не ги внесувајте. Некои компании ќе постават прашања за Вашите интереси, но овие информации секогаш треба да бидат по избор и треба да бидете претпазливи во давањето одговори. Проверете ја политиката на приватност на страницата за да дознаете со која цел се собираат овие информации. Користете услуги од компании кои ја почитуваат Вашата приватност.
РЕДОВНО ПРОВЕРУВАЈТЕ ГО ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАШАТА СМЕТКА
Не чекајте го месечниот извештај за да добиете информации за Вашите кредитни и дебитни картички. Проверете ја состојбата и прегледајте ги сите трансакции онлајн, користејќи НЛБ електронско или мобилно банкарство. Опцијата НЛБ мКлик Ви овозможува и добивање нотификации за секоја направена трансакција и за сите промени на Вашата сметка, така што на овој начин сте информирани во секое време за состојбата на сметката. Доколку забележите нешто сомнително, веднаш јавете се на телефонскиот број на контакт центарот, а нашите вработени ќе се обидат да Ви помогнат и да ги заштитат Вашите информации и средства.
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВЕБ СТРАНИЦАТА ОД КОЈА КУПУВАТЕ
Практикувајте да купувате од веќе познати интернет продавници. Доколку не сте сигурни, побарајте мислење од луѓе кои ги познавате и кои имале позитивно искуство при користење на услугите на е-продавницата. Уверете се во легитимноста и веродостојноста на онлајн продавницата, така што ќе истражете на интернет за искуството на други потрошувачи и ќе ги прегледате препораките.
КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО
Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички. Повеќе информации можете да добиете на www.nlb.mk
КРЕИРАЈТЕ УНИКАТНА И СИГУРНА ЛОЗИНКА
При онлајн купување, најчесто треба да креирате корисничко име и лозинка. Некои веб-страници дозволуваат да направите нарачка како гостин и да го прескокнете овој чекор, па ако не ја користите е-продавницата често, не правете го ова. Ако сакате да отворите корисничка сметка, користете единствена и силна лозинка. Лозинките треба да содржат комбинација од големи и мали букви, бројки, интерпукциски и други специјални знаци.
УПРАВУВАЈТЕ СО ЛИМИТИТЕ НА ВАШИТЕ ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
За поголема безбедност при користење на НЛБ платежните картички и поголема сигурност при онлајн купување, имате можност да го промените лимитот за интернет плаќања преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ контакт центарот.
ПОЗНАВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПРАВА И ПОЛИТИКА НА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Најчесто, секоја интернет продавница има одредени услови и практики за заштита на податоците на купувачите и право на враќање на производите. Пред да направите одлука за купување, информирајте се детално за условите – политика на приватност, период на откажување, враќање на производите, поврат на средства и слично.
Поврзани артикли