Пред само два месеци бизнис заедницата дебатираше дали е можно да работат од дома, дали може да се организира овој процес и дали ќе влијае на продуктивноста. Пандемијата која го зафати светот забрзано го даде одговорот и се применува во пракса. Голем број од компаниите чија дејност дозволува, се адаптираа на новото време и сега ја отвораат дебатата дали може овој модел да продолжи и понатаму. Несомнено, потребни се алатки за да се овозможи функционалност , а пред се потребен е супер брз интернет, без разлика дали работа е од дома или од канцеларија.
Еден од производите што се појавија на пазрот е и A1 Office Box, безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.
Корисниците услугата можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.
Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.
Поврзани артикли