Xiaomi Pocophone F1, односно Poco 1 како што му е името во Индија, стекна исклучителна популарност поради тоа што нуди премиум спецификации по достапна цена. Сега е потврдено дека наследникот на овој телефон Poco F2 Pro ќе биде претставен на 12. мај.
Poco е бренд на кинеската компанија Xiaomi, кој најмногу се фокусираше на производство на телефони за пазарот на Индија. Меѓутоа, се очекува дека Poco F2 Pro ќе биде објавен за глобалните пазари. На ова укажува и URL на официјалниот сајт на Poco.
Претходно беше сугерирано дека Poco F2 Pro би можел да биде ребрендиран Redmi K30 Pro, што значи дека би можел да има екран со 120Hz освежување. Сепак, потврда за ова ќе имаме во текот на утрешната официјална објава на уредот.