WhatsApp наскоро би требало да овозможи заеднички видеоповик со 50 учесници, но на десктоп верзијата.
WhatsApp има намера да стане сериозна конкуренција на платформите Zoom и Skype. Наскоро ќе овозможи заеднички видеоповик за 50 учесници, но на десктоп верзијата. Кога WhatsApp ќе ја воведе новата можност, ќе стане алтернатива за Zoom, Skype и Google Meet. Новата опција е воочена во бета верзијата на WhatsApp Web, а насоките во менито корисниците на WhatsApp ги упaтуваат кон неодамна претставената услуга Facebook Messenger Rooms каде може да се креира соба и да се поканат луѓе да учествуваат, или да креираат соба директно преку WhatsApp.
WhatsApp неодамна доби големо ажурирање и сега поддржува видеоповик за осум учесници на мобилната верзија, но спомнатите нови опции овозможуваат да се повикаат повеќе корисници ако е тоа потребно.
Можноста ќе биде достапна на уреди кои користат оперативни системи iOS и Android, но конкретно поддршката за десктоп претставува одржлива замена за веќепостоечките слични услуги.
Кога се појави Messenger Rooms во април, директорот на Facebook, Марк Цукерберг најави дека можно е да ги поддржуваат WhatsApp, Instagram и Facebook Port, но сега се чини дека тоа ќе се случи многу порано од очекуваното, иако точниот датум не е познат, објави Techradar.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли