Првиот електрифициран Lexus ќе ја збогати понудата на овој премиум производител на автомобили.
По 15 години работење на хибридни возила и скоро 2 милиони продадени примероци, Lexus го лансираше својот прв целосно електричен модел UX 300e.
Ова е првиот автомобил на Lexus кој нема да има мотор со внатрешно согорување, но затоа има Li-Ion батерија од 54,3 kWh која може да покрие околу 300 километри автономија со едно полнење.
Работата на батеријата се следи од сензори кои го следат напонот и температурата и сè е регулирано со воздушно ладење, што според луѓето од Lexus е многу побезбедно решение и премиерно е направено во UX 300e.
Животот на оваа батерија е значително продолжен и Lexus гарантира дека ќе можете да поминете 1.000.000 километри без никакви проблеми, под услов сопственикот да се придржува на редовни проверки на состојбата со предвидените програми.
Со моделот UX 300e се добива тригодишна гаранција за возилото и петгодишна гаранција или 100,000 километри за покривање на дефекти на моторот. Во Европа моделот се очекува кон крајот на 2020 година.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли