Поголемиот дел од научниците се убедени дека гените имаат клучна улога во создавањето на одговорот на човечкиот организам на инфекцијата коронавирус, пренесуваат од „Guardian“.
Генетскиот состав кај секој човек е различен и различно влијае на рецепторите преку кои коронавирусот се поврзува со молекулите во нашите ќелии.
Во истражувањето кое што го водел професорот Тим Спектор од лондонскиот Кралски колеџ, се наведува дека на симптомите кај заболените од Ковид-19, судејќи според сè, до 50 отсто влијаат гените на човекот.
Покрај гените, на симптомите влијае и општата здравствена состојба на заразената личност, отпорност на инфекцијата коронавирус и општиот имун одговор во моментот на инфекција.
Професорот Спектор предупредува дека потребно е да се направат дополнителни истражувања за во целина да се сфати кои гени се најважни и на кој начин истите реагираат на инфекцијата на коронавирус.
Две сестри близначки, кои што живееле заедно и двете биле во лоша здравствена состојба пред инфекцијата, истовремено заболеле од Ковид-19 и не многу долго потоа починале од инфекцијата.
„Оваа, но и други причини за смрт кај близнаците, укажува дека одговорот лежи во гените, но од друга страна мора да бидеме внимателни затоа што близнаците не се во полоша здравствена состојба од останатите луѓе, не умираат често во ист момент.
Но, кога ќе се случи тоа, медиумите тоа го претвораат во сензационална вест и со тоа произведуваат дисторзија и јавна перцепција“ – предупредил професорот Маркус Манафо од Универзитетот во Бристол.
Извор: Alo.rs
Поврзани артикли