Samsung ги претстави Galaxy Book Flex и Galaxy Book Ion ултрапеносните лаптопи, кои пристигнуваат со интересно подобрување – можност безжично да полнат смартфони или паметни часовници кои се компатибилни со Qi безжичното почнење.
Galaxy Book Flex го имплементира Intel Ice Lake Core i7-1065G7 процесорот, со 13.3-инчен Full HD QLED дисплеј, 8 GB LPDDR4 меморија, 512 GB NVMe SSD и два Thunderbolt 3 портови.
Galaxy Book Ion, од друга страна, има нешто подебело куќиште, со Comet Lake Core i7-10510U процесор, опција помеѓу 13,3-инчен и 15,6-инчен QLED Full HD екран, 8GB конвенционална DDR4 меморија и Thunderbolt 3 порт.
Површината за безжично полнење е дел од тракпадот, па лаптопот е можно да се користи за полнење на смартфон или паметен часовник.