Многу бизниси на светско ниво и во Македонија моментално се затворени поради глобалната пандемија и соочени со финансиски проблеми – не остваруваат приход. Како резултат на тоа многу вработени не земаат плата или истата е намалена, а и дел од овие претпријатија се под значителен ризик на банкрот.
Гетаут е нова онлајн платформа за обединување на услужните дејности, од туризам и угостителство, до настани, образование и козметички услуги. Купувачите со користењето на оваа платформа, покрај тоа што ќе користат попусти, навремено и централизирано ќе бидат информирани за настани, можности, акции и слични теми од нивен интерес,
Лансирањето на оваа платформа започнува со еден вид општествено корисна акција, најмногу за услужната дејност. Имено, ‘Covoucher-19’ е акција организирана од Гетаут во соработка со Ја би Скопје, платформа која поттикнува креативност, самоиницијатива и позитивност ја истакнува забавната страна на Скопје.
Целта на акцијата е да им помогне на сите мали и средни претпријатија во Македонија кои нудат одредени сервиси и услуги, но моментално не се во можност да ги извршуваат истите. Со тоа што ќе им дадеме нов алтернативен канал на приход, ќе им помогнеме да преживеат сѐ додека пандемијата не заврши. Идејата е овие претпријатија да продаваат дигитални ваучери за нивните услуги преку нашата платформа, а тие ваучери ќе може да бидат искористени во нивните локали откако пандемијата ќе стивне.
Купувачите пак, ќе имаат бенефит од однапред купените ваучери бидејќи тие ќе бидат по поволни цени, а воедно и ќе придонесат кон намалување на економските тешкотии.
Гетаут ДООЕЛ не земаат никаква провизија при продажба на дигиталните ваучери, ниту пак Гетаут или Ја би Скопје бара некаков паричен надоместок од бизнисите или клиентите коишто ќе ги купуваат тие ваучери.
Ова е јавен повик за секој бизнис што сака да учествува во ‘Covoucher-19’ акцијата и да ги продава своите услуги во форма на дигитални ваучери преку платформата на Гетаут, да аплицира преку формуларот на следниов линк: https://getout.mk/covoucher-19/
Поврзани артикли