Моменталната ситуација предизвикана од пандемијата со коронавирусот ни покажа колку е важна дигиталната комуникација во сите делови од нашиот живот. Петер Ханке, член на одборот за дигитализација ја постави целта – Виена да биде првиот град во Европа кој ќе биде целосно покриен со 5G мрежа.
Со програмата за финансирање вредна 20 милиони евра, градот Виена обезбедува брзо да се извршат потребните вложувања за ширење на мрежата.
„За Виена како најдобар град за живеење во Европа е неопходна добра понуда на комуникациската технологија. Со ширењето на широкопојасната мрежа со помош на оптичката технологија, мобилната комуникацика е едно од основните обележја, кои создаваат извонредно место за живот и современа деловна локација со најнова технологија. 5G е најновата генерација на мобилна мрежа и мобилниот интернет станува се поважен. Тоа го забележуваме и сега во криза. Затоа поддржуваме брзо ширење на 5G мреќата во Виена во 20 милиони евра“, истакна Ханке.
Програмата за финансирање ги вклучува антенските јарболи кои ќе почнат со работа помеѓу 1. јули 2020 и 30. јуни 2022 година. Ова временско ограничување дава поттик посебно брзо да се имплементираат инвестициите во 5G мрежата во Виена и на тој начин пред другите градови да се направи важен чекор во правецот на целосната покриеност.
Поврзани артикли