Претстојниот телефон на компанијата Realme, познат како X3 SuperZoom е неодамна сертификуван од Bluetooth SIG и неколку други сертификациски тела.
Сега дојавувачот @Sudhanshu1414 објави некои дополнителни информации за телефонот, а според неговите сознанија Realme X3 SuperZoom ќе има 4200mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење.
realme X3 SuperZoom will use a 4200mAh battery with 30W fast charging support.
— Sudhanshu (@Sudhanshu1414) May 2, 2020
Претходно уредот на Geekbench беше поставен со Snapdragon 855+ чипсет и 12GB RAM. Иако е можеби необично што телефонот би можел да функционира на нешто постара платформа, ова има смисол доколку компанијата планира да ги намали трошоците и X3 да го направи подостапен за корисниците.
Самото име Realme X3 SuperZoom сугерира дека ќе пристигне со способен систем на камери, кои најверојатно ќе имаат и супериорни можности за зумирање.
Поврзани артикли